Македонија
6. јуни 2021 - 16:37

„Охрид трчаТ“ за ретките

Еднаков и правичен пристап до дијагноза, лекување, здравствена и социјална нега и навремена вакцинација е пораката која лицата со ретки болести ја испратија на манифестацијата „Охрид трчаТ“. Јосиф Мишевски од Гостивар, кој боледува од ретко заболување на кожата ихтиоза а кој по четврти пат трча и е дел од овој настан вели кога се има желба за да се постигне нешто во животот ништо не е невозможно потребен е само труд и напорна работа до крајниот резултат.

На овогодинешното јубилејно петто издание на спортско атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ учество зедоа 950 тркачи од 13 држави.

„Охрид трчаТ“ претставува промотивен настан чија главна цел е да се направи спој помеѓу трчањето, движењето, спортот, квалитетната исхрана и здравиот начин на живот. Инаку први низ целта на полумаратонот поминаа Милош Ранчиќ и Билјана Кираџиева додека во рекреативната 5-километарска трка победи Муџахид Мислимоски.