Охридската болница станува регионален центар
Охридската општа болница станува Регионален центар во Југозападниот регион за операција на крајници. По осумнаесет години пауза стартуваа оперативнуите зафати. од страна на медицински тим од Охрид со колегите од Клиниката во Скопје. Вакви интервенции, според најавите, се планирани да се изведуваат еднаш неделно.
Интерното одделение пак доби нов ендоскопски апарат со кој се овомозжува да бидат изведени повеќе гастроскопии и колоноскопии. Последниот апарат бил стар околу дваесетина години и често во дефект.
Со оглед на тоа што Охрид е центар на еден поголем регион во кој спаѓаат и Кичево, Дебар, Струга, Ресен.
Изминатиот период воспоставена беше педијатриската служба, сега болницата започна со интервенции за крајници а се инвестира и во нови апарати.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
