Македонија
11. August 2025 - 12:12
Охридско лето сцена за најдобрите уметници
Најголемата културна манифестација Охридско лето останува сцена за најдобрите уметници. Долги и стоечки овации, бисови, задоволна публика и уметници кои пленат ваква е сликата на сцените на фестивалот.
Националниот џез оркестар од Македонија и феноменалниот нигериски музичар Шеон Кути за кој се бараше карта повеќе синоќа на сцената на Долни Сарај со своето музицирање ја плени публиката .
Остануваа само уште неколку дена за музика и глума на фестивалски сцени во Охрид. Охридско лето се затвора на 20 август со европската премиера на претставата Електра во режија на Дејан Пројковски во копродукција со националниот театар од Кореја.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->