ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против шест лица, поради основано сомнение дека заеднички вршеле продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Како што информираат од ОЈО, при претрес на неколку локации биле пронајдени шест килограми амфетамин, таблети и пакувања со растителна материја, како и други предмети кои се предмет на вештачење по наредба на јавниот обвинител.
По неколку месечната предистражна постапка на ОЈО во соработка со Министерството за внатрешни работи, дел од доказите биле обезбедени со примена на посебни истражни мерки.
Предистражната постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи траела неколку месеци, а како што информираат од ОЈО, дел од доказите биле обезбедени со примена на посебни истражни мерки.
– Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници врз основа на обезбедени судски наредби, извршија претреси на повеќе локации во Скопје и Куманово заради целосно разоткривање на лицата и нивните активности кои траеле подолг временски период. Согласно обезбедените докази, постои сомнение дека тие заедно со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, така што претходно неовластено набавувале, држеле и продавале психотропна супстанца – амфетамин, кој е класифициран во Националната Листа II на контролирани психотропни супстанции, како и 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (MDMA)-психотропна супстанца, класифициранa во Националната Листа I на контролирани психотропни супстанции, стои во соопштението.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска доставил предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа за сите шест лица лишени од слобода, временски период неопходен за прибирање докази, анализа на обемниот доказен материјал и за завршување на вештачењата.
Ново на Сител
-

Најмалку 77 бродови поминале низ Ормускиот Теснец од почетокот на воените дејствија во регионот
-

Облачно со услови за повремен локален дожд
-

Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток
-

Како Brainster ги поместува границите на образованието? | Ања Марија Макеска | Sitel Podcast 141
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела
-

Висок ирански свештеник побара од папата да го осуди убиството на ајатолахот Али Хамнеи
-

Трамп изјави дека Путин можеби „малку“ му помага на Иран
