Кошарка
11. May 2016 - 19:28
Оклахома Сити на една победа до финалето на Запад
Кошаркарите на Оклахома Сити со ноќешната победа над Сан Антонио во натпреварот број 5 од полуфиналето поведоа со 3-2 и се на една победа од финалето на Запад. До „брејкот“ стигнаа откако во последната четвртина направија пресврт и ја добија четвртината со 26:19 за победа од 95:91. Најдобар поединец на дуелот беше Расел Вестбрук со 35 поени, 11 скокови и 9 асистенции. Следниот натпревар Оклахома Сити го игра на домашен терен во четврток на 12.мај.
Вечерва играат: Голден Стејт - Портланд (3-1 во победи) и Торонто - Мајами (2-2).
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
-->
-->