Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
Мајкрософт“ (Microsoft) најави дека ќе отпушти уште неколку илјади вработени, откако во мај подели откази на три проценти од вработените на сите нивоа и географски подрачја. Компанијата најави и намалување на одредени хиерархиски нивоа.
– Тоа ќе биде помалку од четири отсто од работната сила односно отказ ќе добијат околу 9.000 вработени. Продолжуваме да ги спроведуваме организациските промени потребни за поволно позиционирање на компанијата и нејзините тимови во променливата пазарна средина, се наведува во соопштението на „Мајкрософт“, каде работат 228.000 луѓе.
Намалувањето на бројот на вработени најверојатно е предизвикано од примената на вештачката интелигенција (ВИ). „Мајкрософт“ е компанијата која е една од најнапредните во примена на ВИ. Компанијата во април соопшти дека од 20 до 30 проценти од внатрешното програмирање е направено со употреба на ВИ.
Ново на Сител
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица