Оланд: Европа ќе мора да научи да живее сама, без поддршката од САД

Европската унија треба да научи да живее „сама“ и повеќе да не се потпира врз Соединетите Американски Држави, дури и по заминувањето на Доналд Трамп од власт, изјави поранешниот француски претседател Франсоа Оланд.
Оланд се заложи за брза изградба на засилени европски одбранбени сили, фокусирани околу неколку земји кои се подготвени да го спроведат тоа.
„Ќе мораме да живееме сами, Европа сама. За Германците и Британците е многу тешко да замислат западен свет без САД“, оцени Оланд, додавајќи дека не треба да се верува дека САД ќе се вратат кон Европа како порано, кога Трамп повеќе нема да биде претседател.
„Тоа е завршено“, рече поранешниот претседател.
„Политичарите, но и граѓаните, треба да замислат свет во кој повеќе не сме сојузници со САД. Дури и ако демократски претседател, што би било пожелно, дојде на власт, нема да биде ништо попопустлив ниту поподдржувачки“, смета Оланд, кој беше претседател пред актуелниот француски лидер Емануел Макрон.
МИА
Ново на Сител
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
