Македонија
16. November 2020 - 19:58

Опозицијата со заеднички заклучоци за преговорите со Бугарија

Опозициската коалиција што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ бара вклученост во процесите со Бугарија поврзани со македонската евроинтеграција. Доколку власта не одговори на ваквото барање за два до три дена, лидерот Мицкоски ќе организира лидерска средба со останатите партии од опозицискиот блок. Состоанокот, според информации на Сител би се одржал во среда или четврток.

Поради начинот на кој власта ги води разговорите со Софија, веднаш по истекот на првите 100 дена од оваа влада на Заев, по 30 ноември, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и интерпелации за министрите Димитров и Османи.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ барањата ги усогласи на попладневниот заеднички состанок, по што се одржа и протест со автомобили пред владата. Колициските партнери донеле и заклучоци кои ги исцртуваат црвените линии на опозцијата за барањата на Софија.

Опозицијата испрати и апел до Бугарија да не става вето на македонските интеграции доколку навистина се смета за држава пријател на Македонија, а отворање на предпристапните преговори побара и од Брисел.