Опозициски пратеник претресуван како можен разбојник
Полициски службеници го запреле и претресувале возилото на пратеник од опозицијата веднаш по грабежот на експозитурата на НЛБ банка во Сарај. Горан Манојловски кој е дел од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ вели дека додека одел на работа кон Собранието во Ѓорче Петров бил запрен од двајца полицајци со автоматски пушки кои му наредиле да излезе од автомобилот. Тој тврди дека дека иако им ја покажал пратеничката легитимација тие го игнорирале.
-Околу 11 часот без запрен од страна на 2-ца вооружени полицајци. Во меувреме се легитимирав дека сум пратеник. Три пати им кажав дека сум пратеник, но ми рекоа дека морам да излезам од возилото, ги прашав зошто но не добив одговор, изјави за Сител Горан Манојловски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.
Од МВР го тврдат спротивното.
Полициски службеници од ПС Ѓорче Петров биле поставени на позиција во врска со извршено кривично дело ( разбојништво во Сарај) и вршени се проверки на возилата на граѓаните ,а меѓу нив и на Г.М. , без притоа воопшто да знаат дека станува збор за пратеник. По извршената проверка , на лицето му е дозволено да си оди без никакви пробвлеми, велат од МВР.
Пратеникот Манојловски во знак на револт за односот на полицијата ја напушти денешната комисија за труд и социјала и најави дека нема да се враќа во собранието додека не добие официјално известување од МВР за претресот на неговото возило во Ѓорче.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
