Општина Касандра на Халкидики продолжува со отстранувањето на нелегално поставената опрема на плажите

На шест различни локации, во подрачјата на Мола Калива, Неа Скиони, во Калитеа, Ханиоти, како и во крајбрежната зона меѓу Криопиги и Полихроно, општина Касандра, на првиот крак на Халкидики, досега спроведе организирани акции за отстранување на нелегално поставената опрема на плажите, јави дописничката на МИА од Атина.
Од општината информираа дека ваквите акции се спроведуваат од средината на јули, по поднесени пријави и теренски увиди на надлежни институции и посочија дека „опремата што ја отстрануваат општинските служби не им се враќа на сопствениците“, а чадорите, лежалките и другите предмети што се собираат се носат за рециклирање.
– Општина Касандра ги информира жителите, професионалците и посетителите дека е забрането трајно поставување и оставање на чадори, лежалки и друга опрема на плажите и јавните површини, со што се прекршува постоечкиот закон. Во рамките на информирањето, пред акциите за отстранување, каде што е предвидено, се поставуваат, соодветни информативни известувања со кои засегнатите се повикуваат самите да ја отстранат својата опрема. Известувањата се на грчки, англиски и на словенски јазик, за да бидат разбирливи и за посетителите од балканските земји, соопштија од општината.
Акциите за отстранување се спроведуваат со помош на полициската станица во Касандра и, како што посочија, ќе продолжат и во други подрачја на општината, во зависност од пријавите и теренските увиди.
– Општина Касандра ги повикува сите да се придржуваат до законот и да придонесат во заштитата на јавниот карактер на плажите и слободниот пристап на граѓаните, додадоа во соопштението.
На крајот на јуни годинава, како што тогаш објави МИА, од општина Касандра преку соопштение на англиски, грчки, но и на македонски јазик ги повикаа граѓаните и посетителите да ги отстранат незаконски поставените предмети на плажите, како чадори, лежалки и сл., бидејќи во спротивно ќе бидат отстранети и ќе се третираат како отпад.
Преку соопштение на англиски, грчки, но и на македонски јазик, од општина Касандра, на првиот крак на Халкидики ги повикаа граѓаните и посетителите да ги отстранат незаконски поставените пред
Минатата година, во текот на летната сезона, општина Касандра спроведе неколку најавени, но и ненајавени акции на различни локации на првиот крак на Халкидики за отстранувањето на нелегално поставените чадори, столици, лежалки и слична опрема на плажите со цел да се заштитат плажите и животната средина и да се обезбеди слободен пристап за сите.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајдена исчезнатата Кристина од Охрид
-

Вучевиќ: Помалку од 100 дена до изборите
-

Повеќе од половина од албанските семејства не можат да си дозволат еднонеделен одмор годишно
-

Со гаранција од 500.000 евра Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор
-

Фудбалската асоцијација на Ирска ја повлече својата поддршка за реизборот на Инфантино
-

Турист од Грузија се удавил во Охридското Езеро
-

Скопјанец пронајден мртов во својот дом, полицијата ги утврдува околностите
-

Три зрна од огнено оружје пронајдени на две локации во Куманово
