Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици

Општина Кавадарци денеска ги повика заинтересираните да се пријават за фаќање на крстот в понеделник на Водици.
- Општина Кавадарци и годинава со црквите „Свети Димитрија“ и „Света Петка“ ја продолжува традицијата за потопување на чесниот крст за прославата на Водици. По тој повод, упатуваме јавен повик до сите граѓани кои се заинтересирани да земат учество во одбележување на празникот Богојавление - Водици, да се пријават во црквата „Свети Димитрија“, се наведува во соопштението.
Беше упатена и покана до сите оние кои сакаат да учествуваат во црковниот чин, да дојдат во црквата „Свети Димитрија“ и заедно со поворката и свештените лица, со литија да се упатат кон градскиот мост.
- Настанот ќе се одржи в понеделник - 19 јануари, во водите на реката Луда Мара на градскиот мост на улицата „7 Септември“. Потопувањето на крстот ќе биде од 11 часот, веднаш по одржувањето на божествената литургија. За најсреќниот учесник кој ќе го фати крстот следуваат награди, стои во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
-

Средба Муцунски - Ѓорѓиевски: Унапредување на соработката на домашните компании со ДКП
-

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда, сите го сакаат тоа
-

Украинскиот парламент не ги одобри министрите за одбрана и за енергетика
