-->
-->
Општина Охрид го најави традиционалниот пливачки маратон
-->
По сите превирања и перипетии, Охридскиот маратон, сепак, ќе се одржи, в сабота, на 10 септември, макар бил и со само осум пливачи учесници. Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски ќе ги бранат боите на Македонија покрај двајца претставници од Косово, еден од Словенија, еден од Италија и Аргентинец и Аргентинка.Иако постоеше неизвесност за неговото одржување, но Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт со здружени сили ги поставија контурите на 35. издание на Охридскиот маратон, а откако пристигнаа и учесниците, се е подготвено за старт на оваа традиционална манифестација.
„Од името на градот Охрид и организацијата ви посакувам убав престој во Охрид и добра трка, па нека победи најдобриот“, „Охридњуз“ ја пренесе изјавата на Ристе Јанкоски, претседател на организацискиот одбор, на денешната прес-конференција.
Трката ќе почне од Свети Наум, во 10 часот и преку 25 километри ќе се плива до пристаништето во Охрид. Попатно ќе има четири мерни точки, за прецизно мерењо на времето на секој од учесниците. Општина Охрид, заедно со локални фирми и угостители се погрижила за сместувањето на сите учесници и официјални лица, а АМС го обезбедил анаградниот фонд од 10.000 долари.
.Покрај македонските пливачи, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, ќе пливаат уште Франческо Гетини од Италија, за кого ова е ќетврто учество во Охрид, Аргентинците Матијас Диаз Хернандез и Рита Ванеса Гарсија која е единствен женски натпреварувач, Арне Фурлан Шутлар од Словенија, Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Сите пливачи ќе бидат претставени свечено вечерва, кај Долна порта, во Охрид.
ОХРИДЊУЗ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
-

Променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
