Општина Штип апелира да се плати данокот на имот
2000 домаќинства и фирми се на листата за присилна наплата на данокот на имот кон општина Штип. Решенијата се доставени до даночните обврзници кои не ја подмириле својата обврска за претходната, 2021-ва година. Во нив е нотиран крајниот рок за плаќање, по што ќе следува присилна наплата.
-
Решенијата се доставени, има известување на веб страната на општината и доставени до даночните обврзници. Оние кои нема да си ги подмират даночните обврски по тие решенија, ги пуштаме до банките каде што имаат сметки и општината си ги наплатува средствата, изјави Драган Каров, ЛС-Штип.
Граѓаните и фирмите имаат обврска данокот на имот да го платат до крајот на тековната година. Редовната наплата, според Каров, досега се одвива по веќе вообичаената динамика.
-
Во моментот, наплатата на данокот на имот на физички лица е околу 50%, а на правни лица околу 55% и традиционално, секогаш, на крајот на годината е најголема наплатата за тековната година-додаде Каров
Средствата собрани по овој основ, општината ги инвестира во изградба на урбаната инфраструктура и реконструкција на водоводна и канализациска мрежа.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар