Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг

Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга попречена е постапката за продажба на службениот автомобил ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 овој месец, а средствата да бидат наманети за набавка на комбе кое ќе го користат спортските клубови и центарот за деца со посебни потреби.
Општина Струга информира дека градоначалникот Менди Ќура е во комуникација со засегнатите страни со цел процесот да се заврши во интерес на граѓаните.
- Реализацијата на оваа одлука е попречена поради извршна постапка поврзана со долг наследен од 2016 година во вредност од околу 1,4 милиони денари. Поради каматите и пресметките што се вршат од 2018 година, овој долг во моментот изнесува околу три милиони денари, соопшти Општина Струга.
Случајот, како што нагласуваат, е уште еден показател за наследената тешка финансиска состојба.
Авомобилот, ауди А6, кој Општина Струга го купи 67.000 евра, во времето кога градоначалник беше Рамиз Мерко крена дебата во јавноста дека е набавен во време кога општината била со блокирана сметка. Против Мерко се водеше судски спор, на кој судот во Струга одлучи дека нема вина за набавката на луксузното возило.
МИА
Ново на Сител
-

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море
-

Катар евакуира делови од Доха
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
-

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“
