Орбан: Ако Европа не ја поддржуваше Украина, веќе ќе имаше мировни преговори

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Украинците сакаат да ја продолжат војната, дека Европа ги поддржува во тоа, како и дека мировните преговори можеа да почнат одамна доколку европските земји не застанаа зад Украина.
Орбан рече дека најголемата пречка за мир е тоа што Украина сака да ја продолжи војната, пренесува „Маѓар немзет“.
Сите знаеме дека постојат пречки за мир. Украинците сакаат да ја продолжат војната. Тие имаат право на тоа, иако ја загрозуваат цела Европа, но сепак тоа е нивна земја, нивна борба за слобода – рече Орбан.
Тој оцени дека конфликтот сè уште трае затоа што европските земји ја поддржуваат Украина.
Уште попроблематично е што Европејците ги поддржуваат во ова, бидејќи доколку Европејците не застанаа зад Украинците, тие немаше да можат да ја продолжат војната. Преговорите ќе беа завршени одамна. И ќе имаше примирје и мир – нагласи Орбан.
Тој заклучи дека Европа е таа што го одржува конфликтот жив и оти „доколку се вразумеа, ќе завладееше мир“.
МИА
Ново на Сител
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
-

Бела прашкаста материја и марихуана пронајдени во испратен пакет за осуденик од КПУ „Идризово“
-

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак
-

Орбан: Ако Европа не ја поддржуваше Украина, веќе ќе имаше мировни преговори
-

Сопругата на Андреј од ДНК: „Најдолгата година“
-

Седлоски: Против Данска треба да одиграме храбро, нема што да изгубиме
-

Уапсен кавадарчанец, во два наврати е затекнат како управува мопед и возило без дозвола
