Орбан одби да го потпише писмото на ЕУ до Трамп: Доволно лошо е што Унијата е тргната настрана, полошо е да даваме инструкции од клупа

Унгарија е единствената членка на Европската Унија што не ја потпиша заедничката изјава за поддршка на Украина, документот потпишан од преостанатите 26 земји-членки, што бара од Украина да учествува во одлучувањето за сопствената иднина.
Унгарија долго време има затегнати односи со Украина и остатокот од ЕУ и е најблизок сојузник на Владимир Путин во Европа. Премиерот Виктор Орбан претходно предупреди дека влезот на Украина во ЕУ „веднаш ќе ја вовлече Унијата во директен конфликт“.
Утрово тој ги наведе причините зошто не ја потпишал изјавата: „Таа изјава се обидува да постави услови за состанок на кој лидерите на ЕУ не беа поканети“.
„Доволно е лошо што ЕУ е тргната настрана. Единственото нешто што може да биде полошо е да почнеме да даваме инструкции од клупата“, напиша тој.
Орбан смета дека „единствениот разумен потег на лидерите на ЕУ е да иницираат самит меѓу ЕУ и Русија, по моделот на состанокот меѓу САД и Русија“.
Ова не е првпат Орбан да се спротивстави на заедничкиот став на ЕУ за Украина. Унгарија претходно го оспори воведувањето на европските санкции против Русија, за на крајот да попушти, а исто така одби да потпише некои претходни изјави за поддршка на Украина.
МИА
Ново на Сител
-

„Нешто што ќе остане по четвртипат“ – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музика
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
