Орбан: Прашањето за заемот за репарации е затворено, целата идеја е глупава

Мислам дека прашањето за заемот за репарации е затворено, затоа што нема доволна поддршка меѓу земјите членки на Унијата за таквиот предлог, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан пред почетокот на Самитот на ЕУ во Брисел.
- Целата идеја е глупава. Постојат две земји кои се во војна. Тоа не е Европската Унија, туку Русија и Украина и Европската Унија би сакала да ги одземе парите од една од завојуваните страни, а потоа да и ги даде на друга, рече Орбан.
Тој додаде дека белгискиот премиер Барт де Вебер е целосно во право што се противи на ваквиот план и ЕУ не треба да го прифати тој предлог.
Орбан оцени дека ако и се дадат овие средства на Украина тоа ќе значи војна, а тој не би сакал да ја види Европска Унија во војна.
- Само сакам мир. Затоа мислам дека еднаш треба да направиме некои чекори кон мирот, а не кон војната, додаде Орбан.
МИА
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
