Орбан: Украина и понатаму ги блокира испораките на нафта за Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека и понатаму не ги обновува испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“, со што ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија.
Испораките на нафта мора веднаш да продолжат! Знаеме дека нафтоводот е оперативен. Знаеме дека испораките на нафта за Унгарија не се продолжени поради политичка одлука на претседателот Зеленски, напиша Орбан на Х.
Тој додаде дека Зеленски „низ Брисел тврди дека нафтоводот не може повторно да се пушти во работа“. Унгарскиот премиер наведе дека очекува Украина да ги исполни своите обврски кон Европската унија и нејзините членки и повторно да ги почне испораките.
Поради актуелната ситуација, Орбан изјави дека денеска ќе одржи консултации со премиерот на Словачка, Роберт Фицо.
МИА
Ново на Сител
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
-

Пропадна предлогот за минималец од 600 евра, функционерските плати ќе останат исти
