Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
Долгогодишната соработка помеѓу археолошкото и историското одделение при штипскиот Завод – Музеј ја изроди изложбата на оружје низ историјата во уметничката галерија „Безистен“.Основната цел е да се прикаже континуираната употреба на орудијата и оружјето во различни историски епохи. Најстарите експонати датирааат од времето на неолитот, кои во прво време се користеле како орудие за работа, а подоцна и како оружје во вооружените конфликти.
- Оружјето е старо околу 6200 години п.н.е и е претставено на нашата поставка со камени секири и камени ножеви. Потоа имаме од бронзеното и бакарнато време и од римскиот период, изјави Зоран Николов, археолог, НУ Завод-Музеј- Штип
Особено интересни артефакти има од Средновековниот и Османлискиот период, со кои располага историското одделение.
- Историската збирка на османлиското оружје е раритетна и уникатна. Јас би ги споменала неколкуте парчиња оружје, „јатаган белопасец“, кој е споменик на културата и е под заштита на државата. Имаме и мечеви, османлиски сабји, кубури, пушки, пиштоли. Имаме оружје и од Балканските и Првата светкса војна и оружје од Втората светска војна, изјави Емилија Коруновска, историчар, НУ Завод-Музеј- Штип
Покрај изложеното оружје во витрините, посетителите можат да погледнат и делови од војничка униформа.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар