Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
Неизвесно останува членството на Косово во Советот на Европа. Без конкретни чекори за формирање на Заедницата на српски општини Косово тешко дека ќе стане 47 членка на Советот.
Приемот на Приштина до пред еден месец беше на дофат, но сега највлијателните држави во Европа, како Франција, Германија и Италија го кочат членството заради нерешниот спор со Србија.
Точката веројатно нема да се најде ни на дневен ред во Стразбур додека Советот на Европа прославува 75-та годишница.
Шефот на македонската дипломатија во заминување Османи е во Стразбур. На затворена седница добар дел од својот говор го искористи за да лобира за прием на Косово.
- Од исклучителна важност е да не бегаме од прифаќање нови членови кои ги споделуваат нашите вредности и посветеност. Затоа, ние постојано ја поддржуваме кандидатурата на Косово за членство во Советот на Европа и го поздравуваме темпото мислење кое му препорачува на Комитетот на министри да го покани Косово да се приклучи на Организацијата. Ние веруваме дека граѓаните на Косово заслужуваат да бидат заштитени со европската конвенција за човекови права и други инструменти коишто предвременото членство ќе го олесни продолжувањето на реформите и ќе придонесе за регионалната стабилност и соработка, вели Османи.
Но, неговото лобирање требало да биде скриено од јавноста, барем така велат од неговиот кабинет од каде тврдат дека по грешка го испратиле овој дел од обраќањето.
Во писменото соопштение кое го објави МНР лобирањето на Османи за Косово воопшто не е споменато.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
