Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
Молчејќи, со фотографиите од загинатите чеда во рацете, родителите, семејствата, пријателите и јавноста излезе на осмиот по ред марш преку кој се упатува порака дека се чека правда.
Зад родителите, транспаренти. Овојпат со порака до јавноста: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“. На протестот освен жители на Кочани, дојдоа и од другите градови. Родителите не ја кријат болката, а очекуваат јавноста да ја почувствува и да застане рамо до рамо со нив, за да ваква трагедија не се повтори.
- Тие што најмногу требаше да не заштитат, се најголемите виновници. Полицијата, инспекторите, газдата и обезбедувањето, сите тие. А сега што, слободни и со исправени глави. Не посакуваме никому зло, но нека се стават во наша кожа само на една минута, да си го замислат нивното дете позади таа врата, пред пламенот, викајќи и барајќи помош. Ова не беше несреќа, ова беше масовно убиство, изјави мајка на загинато дете во пожарот во дискотеката „Пулс“
Постојано повторуваат дека молчат и се следат, бидејќи даваат шанса. Минатата сабота порачаа до институциите – дека трпението им е при крај.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар