Македонија
16. July 2026 - 16:34

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски

Професорот по римско право, Гоце Наумовски, си поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд. Неговата оставка, утринава била испратена до Собранието, а во неа Наумовски ги навел причините зошто предвремено го завршува својот деветгодишен мандат..

Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија, од лични и професионални причини“, напишал во својата оставка Гоце Наумовски.

Од Уставен велат дека судијата Наумовски не ги известил за оставката.. Дека повеќе нема да ја извршува функцијата, Претседателот на судот, Дарко Костадиновски, дознал од собранискиот спикер Гаши..

До судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши“, велат од Уставниот суд.

Оставката на Наумовски го одложи гласањето по иницијативата за оценување на уставноста на делови од Изборниот законик за платеното политичко рекламирање закажано за денешната седница на Уставниот суд.. Расправата за предметот се одржа минатата среда, но тогаш гласањето беше одложено заради отсуство на судијата Наумовски.. Судот ги немал потребните пет гласа за да биде донесена конечната одлука дали ќе се поведе постапка или ќе се отфрли иницијативата поднесена од Левица..

Наумовски влезе во Уставен во февруари годинава по предлог на Собранието.. Неговата оставка е втора во рок од неколку месеци, во декември од Уставен замина Јадранка Дабовиќ а во оставката напиша дека е заради лични и здравствени причини..

По денешната оставка на Наумовски, сега Уставен брои седуммина судии.. За целосна екипираност, потребни се уште двајца судии..

Инаку уште во март годинава, Судски совет ја предложи апелационата судијка Мери Дика Георгиевска да биде судија на Уставниот суд, но нејзиниот избор во Собранието се уште не е направен..