Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург

Осум лица се тешко повредени во пожар што избувна на товарен брод закотвен во пристаништето во Хамбург, соопшти денеска противпожарната служба на овој северногермански град, пренесува агенцијата ДПА.
Седуммина од повредените, меѓу кои и еден пожарникар, се хоспитализирани во болница, додека на осмото лице со повреди помош му била укажана од страна на болничарите на самото место на настанот.
Пожарот избувнал во товарниот дел на бродот, кој е со должина од приближно 90 метри, на докот „Гревенхофкаи“.
Кога пристигнале првите интервентни екипи, од палубата на бродот се издигал чад. Според информациите од противпожарната служба во Хамбург, екипажот уште пред нивното пристигнување веќе започнал сам да се бори со пламените јазици.
По завршувањето на противпожарната операција, пожарникарите го предале местото на инцидентот на полицијата, која веќе води истрага за откривање на причините за пожарот.
Ново на Сител
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
-

Осум дена притвор за Словенец кој ја нападнал 21-годишната девојка во Охрид
-

Тешко повреден 21-годишник откако паднал од прозорец на автомобил во движење
-

Од бокс и самоодбрана до екологија и историја - Патриотско Друштво организираше Дрил Камп за млади во Маврово
-

Од утре сончево и потопло време, температурите до 35 степени
-

Од полноќ поскапуваат горивата, дизелот со најголем раст
-

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е одговор на предизвиците што ги носи неизвесноста на глобално ниво и континуитетот на развојните политики што даваат резултат
