Осум скијачи загинаа, еден исчезна во лавина во Калифорнија

Осум скијачи загинаа во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, а еден е исчезнат, соопштија синоќа властите во државата, во една од најсмртоносните вакви несреќи во историјата на САД.
Спасувачите пронајдоа шест преживеани по снежната бура што донесе неколку метри нов снег на Сиера во последните денови.
Лавината се случи вчера, во 11:30 часот по локално време, во близина на Касл Пик, во Траки, Калифорнија, 15 километри северно од езерото Тахо и во неа беа закопани поголема група скијачи.
Преживеаните се заштитиле со најлонски церади и со спасувачите комуницирале преку радио врски и текстуални пораки.
Скијачите ја завршуваа тридневната екскурзија со водич. Во групата имаше единаесетмина и беа сместени во колиби на надморска височина од 2300 метри.
Во Сиера Невада во една типична зима паѓаат над девет метри снег, што ја прави една од најснежните планини на западната хемисфера.
Во текот на изминатите десет години, во САД просечно годишно од лавини гинеа 27 лица, покажуваат податоците на Центарот за лавини во Колорадо.
МИА
Ново на Сител
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
-

Секое петто боледување во МВР е неуредно или неправилно
-

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
