Осветлена првата новогодишна елка во Грција за оваа година, традиционално во село на Халкидики
Во планинското село Таксиархис на вториот крак на Халкидики, односно во селото на елките, како што го нарекуваат, вчера беше свечено осветлена новогодишната елка, што традиционално секоја година е првата елка што се осветлува во Грција.
Новогодишната елка, поставена на централниот плоштад во селото, со висина од 13 метри, украсена е со 20.000 светилки, а осветлувањето секоја година е во пресрет на празникот Свети Архангел Михаил.
-Тоа е мало село, со околу 500 – 600 постојани жители, каде што сите се занимаваат со производство на елки. За осветлувањето на новогодишната елка имаме организирани тури и десетици посетители. Карактеристично е тоа што доаѓаат толку луѓе, како уште едно село, вели за грчката новинска агенција АНА – МПА заменик градоначалникот за култура, спорт и туризам на општина Полигирос, Јанис Лелејанис.
Новогодишната елка што се поставува во центарот на Солун, традиционално, секоја година е токму од селото Таксиархис на Халкидики.
Ново на Сител
-
САД ставија вето на барањето за итен и безусловен прекин на војната во Газа
-
Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји
-
Мисајловски учествува на министерски состанок на НАТО во Брисел
-
Кампања на Противпожарен сојуз на Град Скопје за заштита од пожар на шумите
-
Македонскиот и грчкиот министер за внатрешни работи Тошковски и Ливаниос на средба во Преспес
-
Сончево и топло до попладне, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Тепачка во бугарскиот Парламент поради одлуката за преминување на евро | ВИДЕО
-
Јадар во Србија меѓу 13 стратешки проекти на ЕУ со критични минерали