Осветлена првата новогодишна елка во Грција за оваа година, традиционално во село на Халкидики
Во планинското село Таксиархис на вториот крак на Халкидики, односно во селото на елките, како што го нарекуваат, вчера беше свечено осветлена новогодишната елка, што традиционално секоја година е првата елка што се осветлува во Грција.
Новогодишната елка, поставена на централниот плоштад во селото, со висина од 13 метри, украсена е со 20.000 светилки, а осветлувањето секоја година е во пресрет на празникот Свети Архангел Михаил.
-Тоа е мало село, со околу 500 – 600 постојани жители, каде што сите се занимаваат со производство на елки. За осветлувањето на новогодишната елка имаме организирани тури и десетици посетители. Карактеристично е тоа што доаѓаат толку луѓе, како уште едно село, вели за грчката новинска агенција АНА – МПА заменик градоначалникот за култура, спорт и туризам на општина Полигирос, Јанис Лелејанис.
Новогодишната елка што се поставува во центарот на Солун, традиционално, секоја година е токму од селото Таксиархис на Халкидики.
Ново на Сител
-
Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток
-
Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта ќе има средба со Орбан и ќе присуствува на СРАС конференцијата
-
Викендов авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Иванишевиќ нов тренер на Циципас
-
Милановиќ: Ниту една држава веќе нема да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта
-
Тепачка за имот во с.Кадино, се пресметале 83-годишник и 65-годишна жена