Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“

Со длабока тага и неверување, Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ја известува јавноста дека се откажува годишниот концерт кој беше претходно најавен за 20.12.2025 година, поради ненадејната смрт на нашиот долгогодишен колега, истакнат играорец, солист и кореограф Симеон Чулев.
Загубата на Симеон Чулев е огромна и ненадоместлива за целиот ансамбл. Тој беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, уметник кој со својата посветеност, енергија и врвно мајсторство остави неизбришлив белег во историјата на македонската фолклорна уметност.
Во овие моменти на голема жалост, сите членови на „Танец“, сметаме дека во вакви мигови на тага, не е можно да се слави традицијата на сцена, кога ја изгубивме една од нејзините најсветли фигури.
Информации за рефундирање на билетите:
-Сите граѓани кои веќе купиле влезници за концертот, ќе можат да ги рефундираат средствата на продажната мрежа од каде што се купени билетите.
-За дополнителни детали околу новиот термин или евентуални измени, јавноста ќе биде навремено известена.
НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“
Ново на Сител
-

Сончево со мала до умерена облачност и ветер
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
