Отповикана судската расправа за случајот „Геријатрија”
Се отповикуваат двете главни судски расправи за случајот „Геријатрија”, од кои едната требаше да се одржи денеска во Основниот кривичен суд - Скопје, а другата на 18 септември.
Како што информираат од Кривичен, расправите се отповикани поради здравствени причини на еден од обвинетите. Одбраната на обвинетиот Б.А. доставила медицинска документација до Судот, согласно која не може да присуствува на расправите
Судењето ќе продолжи на следниот веќе утврден термин односно на 20 октомври.
На минатото рочиште обвинетите се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар. Во случајот „Геријатрија” за примање поткуп се гони директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, додека Блерим Амити за примање награда за противзаконито влијание.
Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од страна на полицијата.
МИА
Ново на Сител
-
Италијанскиот мотоциклистички тркач Котини почина по повреди на трка
-
Шредер МВП на Евробаскет 2025
-
Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели на скопскиот аеродром
-
Притвор за управителот и уште три лица за пожарот во Трубарево
-
Санкционирани 105 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон
-
Гувернерот на Јута вели дека мотивот за пукањето во Кирк е сè уште нејасен, но осомничениот имал левичарски ставови
-
Одбележување на Меѓународниот ден на демократијата