Отпушок од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Човечки фактор е причината за пожарот што денеска избувна на вториот кат во Градската општа болница „8 Септември“.
Директорот на болницата д-р Синиша Стојаноски потврди дека отпушок од цигара е причина за пожарот. Веднаш била спроведена евакуација на пациентите и на медицинскиот персонал откако од прозорците почнал да излегува чад, а била повикана и Противпожарната бригада. Поврдени во пожарот нема.
Командирот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, изјави дека пожарот е локазиран за брзо време и нема опасност за негово понатаможно ширење. Тој додаде дека се опожарени инвалидски колички.
- Опожарени се инвалидски колички оставени на балконот од болничка соба. Пожарот брзо е изгаснат и нема опасност од негово ширење. Нема повредени. Добиен е повик преку 112 и веднаш се упатени 4 четири возила во болницата. Веднаш со противпожарните апарати се изгаснати. Значи, пожарот бил од количките, не се запалила никаква инсталација - вели Томески.
Претходно, од Центарот за управување со кризи соопштија дека преку Е 112 е добиено известување за пожар на вториот кат во ГОБ „8 Септември“ во Скопје по што веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ). Од страна на БППЗ потврдено е дека станува збор за пожар во внатрешна просторија во одделението за ортопедија, кој е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење.
МИА
Ново на Сител
-

Синдикатите повикаа на генерален штрајк во Италија – Планирани се 100 демонстрации
-

Николоски: Целосна реконструкција на патот Валандово-Струмица, следната година активности за патот кон Дојран
-

Отпушок од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени
-

Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија, обука за македонските здравствени работници во Едрене
-

Синдикалната минимална кошница за ноември 70.827 денари
-

Британската војска спроведува офанзивни кибер-операции против Русија, Кина, Иран и Северна Кореја
-

28-годишник од Чаир го запалил автомобилот на мајка си, се заканувал дека ќе го запали и станот
-

Спречен нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз
