Отстранети 95 непрописно паркирани возила во Центар за една недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар информира дека во периодот од 19 до 26 април 2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“, биле отстранети вкупно 95 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар.
Како што соопштуваат од претпријатието, возилата биле санкционирани поради тоа што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
- За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, потенцираат од ЈП ПОЦ.
МИА
Ново на Сител
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
-

СДСМ: Срамни обиди за рехабилитација на осудените за 27 април
-

Стартува реконструкцијата на Универзална сала
-

Државата се дигитализира, но не сите со исто темпо
-

Дојран ја подготвува првата инклузивна плaжа во државата
