Отвора ли случајот на деветмесечното бебе со туберкулоза аномалии на системот?
Сомнителното бебе на туберкулоза се бори за живот на Клиниката за детски болести. По загриженоста дека постои опасност по здравјето за предвремено родените и тешките пациенти на одделот на интензивна нега, синоќа е префрлено во диспанзерот на Ургентен центар и за него како што тврди и директорката Нацева Фуштиќ се грижи посебна сестра. Серолошките анализи кои ќе ги прават во текот на утрешниот ден треба да потврдат дали ја има заразната болест на која е позитивна неговата мајка. Деветмесечното бебе кое тежи само три килограми и е на респиратор, на детска клиника не го виделе прват во петокот ноќта туку завчера од Куманово прво било транспортирано кај нив. Но поради сомневање за туберкулоза го препратиле во болницата во Козле.
-Поради тешката состојба бебето прво било примено на детска клиника, но бидејќи имало висок сомнеж за туберкулоза поради контакт позитивна мајка, го препратија кај нас каде што имаме оддел за туберкулоза. Детето беше примено кај нас во тешка состојба, 9 месечно а тежи само 3 килограни, со инфламаторни масти во прилог на сепса, имаше потрерба од кислород што му беше даден. Бидејќи имаше и дијафрагмална хернија која правеше притисок на дишните патишта го испративме на детска хирургија, велид-р Бесник Зеќири директор на детска болница во Козле.
На детска хирургија утврдиле дека не постои итност за операцијата и повторно било вратено во Козле. Но состојбата на бебето била многу влошена, имал потреба од механичка вентилација и на крај завршил на Клиниката за детски болести. Во Козле немале време да направат анализи за констатирање на туберкулоза поради итноста.
Освен анализи, од Детска клиника утре најавија дека ќе ги известат и социјалните служби бидејќи многу прашања се неодговорени.
Како и зошто бебето стигнало до ваква состојба, дали и кога било третирано болнички и кои пропусти на системот произлегуваат од целиот случај.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
