Отворен оган врз ирански брод што премногу се приближил до носачот на авиони „Абрахам Линколн“

Инцидентот се случил пред неколку дена, а засега нема информации за судбината на иранскиот брод и екипажот.
Според истите извори, одбраната на носачот на авиони прво дејствувала со оган од палубни топови, но целта не била погодена. Притоа не е појаснето дали се работело за предупредувачки истрели. Потоа во акцијата се вклучил хеликоптер, погодувајќи го иранскиот брод со две ракети
Разурнувачите „Спруанс“ и „Мајкл Марфи“ се дел од ударната група на носачот на авиони во Арапското Море, заедно со шест разурнувачи што оперативно дејствуваат во регонот со наведувани ракети.
Според податоците на Централната команда на оружените сили на САД, од почетокот на конфликтот со Иран американските сили оштетиле или уништиле повеќе од 90 ирански пловни објекти.
ИРГЦ: Оштетен во напад американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“
Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека го таргетирала американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ со ракети и беспилотни летала, со што бродот е нефункционален и принуден да се повлече од регионалните води.
Според Централната команда на Светиот пророк на Иран, нападот бил извршен во Оманското Море, околу 340 километри од поморските граници на Иран, користејќи напредни ракети и беспилотни летала.
ИРГЦ вчера ја нападна и базата на Петтата флота на американската морнарица во Мина Салман, Бахреин, во два брана напади со ракети и беспилотни летала.
Според соопштението на ИРГЦ, цел биле клучните објекти на базата, вклучувајќи системи за одбрана од беспилотни летала, области за складирање и одржување на беспилотни летала, опрема за поддршка и резервоари за гориво, предизвикувајќи значителна штета.
Иранските воени претставници нагласија дека нападот ги демонстрира супериорните поморски способности на Иран и подготвеноста да ги брани националните интереси, нагласувајќи го решителниот отпор на секоја закана за суверенитетот на земјата.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
-

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Најмалку 77 бродови поминале низ Ормускиот Теснец од почетокот на воените дејствија во регионот
-

Облачно со услови за повремен локален дожд
-

Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток
-

Како Brainster ги поместува границите на образованието? | Ања Марија Макеска | Sitel Podcast 141
