Отворена веб апликација преку која странските возачи можат да ги проверуваат и плаќаат казните од „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи информира дека е ставена во функција веб-апликацијата со мобилен интерфејс - „Безбеден град“, што во оваа фаза е наменета за странските државјани - сопственици и возачи на возила со странски регистарски таблички.
Странските државјани преку апликацијата ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат.
-При логирањето, потребно е возачот да ја слика или скенира својата патната исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата што тој ги користи во нашата држава - соопштија од МВР.
На овој начин, како што појаснија, странските возачи кои со своите возила ќе бидат евидентирани дека сториле сообраќаен прекршок на територијата на целата држава, ќе можат навремено и едноставно да се информираат и да ја регулираат својата обврска, без потреба од дополнително задржување на граничните премини.
МВР нагласува дека воведувањето на апликацијата претставува значаен чекор во дигитализацијата на услугите поврзани со системот „Безбеден град“.
Министерство истакнува дека продолжува со унапредување на дигиталните услуги, а во следните фази се предвидува проширување на функционалностите и за други категории корисници.
Линк до апликацијата: https://safecountry.mvr.gov.mk
Ново на Сител
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
-

Општина Центар и овој викенд на терен, се расчистуваат диви депонии
-

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот кај Палиград и Китка
-

УХМP: Утрe поплaднe локалнo невреме со пороен дожд
-

Приведени 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник
-

Зеленски: Одржувањето избори за време на војна би било огромен ризик за Украина
-

Привeдeн стрaнски државјанин на ГП „Табановце“, возел 164 км/ч на мeсто кaде дозволената брзина е 80 км/ч
-

Баерн го освои Суперкупот на Германија
