Македонија
1. September 2025 - 12:28

Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици

После години на негативен тренд и намалување на бројот на првачиња во Прилеп, оваа година за прв пат има нивно зголемување за 20-тина ученици плус за разлика од минатата година.

Осносно годинава има над 650 првачиња, а лани биле околу 630. Од Општина Прилеп истакнаа дека годинава овозможиле повеќе мерки за основците, се реконструирале голем дел од училиштата, а деновиве за учениците од руралните средини ќе бидат пуштени 5 нови минибуси на ЈП за ПУП.

„За малите дечиња овозможено им е од прво до трето одделение бесплатен оброк, а исто така локалната самоуправа за сите основци, околу 6.000 на број, овозможи за сите бесплатни униформи, нешто што ќе овозмиожи намалување на расходите на семејствата кои тие ги имаат за учениците“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

На првачињата им беше порачано дека училиштето да го чувствуваат како нивни втор дом, каде освен учење, ќе стекнат нови пријателства и нови другарувања.

„Училиштето има клучна улога во животот на секое дете, тоа место каде децата не само што учат бројки и букви, туку учат како да бидат луѓе, со почит, со љубопитност, со епмпатија. Тука се градат темелите на вашата иднина. Секоја песна која ќе ја запеете, секој збор кој што ќе го научите, секој нов пријател кој што ќе го запознаете е дел од патувањето што ќе ве обликува како личност“, рече Јулијана Тренкоска, директорка на ООУ „Кочо Рацин“ - Прилеп.

Оваа шкослка година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици.