Пад на цените на нафтата на најниско ниво во последните десет дена поради надежите за дипломатски пробив со Иран

Цените на нафтата денеска во азиското тргување паднаа на најниско ниво во последните повеќе од една недела, поттикнати од надежите дека дипломатските напори во рамките на Генералното собрание на ОН би можеле да отворат можност за деескалација на војната со Иран, како и од делумното обновување на испораките на нафта од Саудиска Арабија и покрај продолжените напади на јеменските Хути.
Фјучерсите на северноморската нафта „брент“, референтна за европскиот пазар, поевтинија за 2,16 долари, односно за 2,08 проценти, на 101,71 долар за барел до 2:13 часот по Гринич, откако во петокот тргувањето го завршија со пад од 0,91 процент. Претходно денеска цената падна на најниско ниво од 10 септември.
Во исто време, американската нафта WTI падна под клучното психолошко ниво од 100 долари за барел. Цената на американската лесна сурова нафта падна за 2,15 долари, односно за 2,14 проценти, на 98,15 долари за барел, по падот од 1,58 проценти во претходната трговска сесија.
Сателитските податоци покажуваат дека количеството саудиска нафта што минувало низ Ормуска Теснина во просек изнесувало 2,9 милиони барели дневно во последните шест дена, во споредба со само 700.000 барели дневно во август, посочуваат аналитичарите што ги цитира Ројтерс, пренесува БТА.
„Изгледа дека дел од ризичната премија се повлекува од цените на нафтата поради надежите дека уште оваа недела би можел да се појави дипломатски пат за деескалација на војната меѓу САД и Иран“, коментира главниот пазарен аналитичар на „Кеј си ем трејд“ (KCM Trade), Тим Вотерер. Тој, сепак, предупреди дека останува нејасно дали овие надежи ќе се остварат.
МИА
Ново на Сител
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
-

Гутереш: Нема алтернатива решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт
-

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк
-

Поранешен припадник на ОВК приведен на Блаце, по распит пуштен на слобода
