Пад на продажбата на автомобили во Европа

Продажбата на автомобили во Европа падна за 4,2 отсто во септември 2024 година. Ова е продолжение на трендот којшто трае неколку месеци, а според познавачите, се припишува на намалениот интерес на купувачите на електромобили. Но, и покрај тоа, електричен модел е најпродаваниот автомобил во Европа минатиот месец.
Така, според податоците собрани од „ЈАТО динамикс“ (JATO Dynamics), „Моделот ипсилон“ на „Тесла“ (Tesla Model Y) е на првото место. По американскиот електричен теренец следат конвенционалните модели „Рено клио“ „Дачија сандеро“, „Фолксваген тигуан“ и „Киа спортиџ“.
Како што пишува „Ауто стар“ (Auto Star), регистрирани се вкупно 28.876 продадени „Ипсилон“ возила – што е намалување од еден отсто во однос на истиот месец лани.
Најпродаваните автомобили во Европа во септември 2024 година:
„Тесла модел Ипсилон“ – 28.876 продадени возила;
„Рено клио“ – 20.708;
„Дачија сандеро“ – 18.960;
„Фолксваген тигуан“ – 17.670;
„Киа спортиџ“ – 16.697;
„Пежо 208“ – 16.350;
„Фолксваген голф“ – 15.776;
„Тојота јарис крос“ – 15.714;
„Фолксваген поло“ – 15.299;
„Форд пума“ – 15.141;
„Тесла модел 3“ – 14.965;
„Тојота јарис“ – 14.468;
„Опел корса“ – 14.355;
„Шкода октавија“ – 13.895;
„Хјундаи тусон“ – 13.798;
„Пежо 2008“ – 13.203;
„Дачија дастер“ – 12.977;
„Фолксваген Т-рок“ – 12.794;
„Рено каптур“ – 12.686;
„Тојота ЦХР“ – 12.071;
„БМВ Икс-1“ – 11.806;
„Нисан кашкај“ – 11.444;
„Форд Куга“ – 10.653;
„Мини купер“ – 10.386;
„Нисан јук“ – 9.628.
Ново на Сител
-

Трамп најави нови царини, меѓу кои и за Кина и ЕУ
-

Мицкоски од Брисел: Не испорачуваме билатерални прашања, туку ги исполнуваме обврските според системот на заслуги на ЕУ
-

МВР одзеде 67 возила во акција на Интерпол – откриени фалсификувани шасии и возила по кои се трага меѓународно
-

На 96 години Ворен Бафет донираше 5,5 милијарди долари – планира да подари 99% од своето богатство, проценето на 156 милијарди
-

Скандал во Турција: Приведена Ферхунде од „Кога лисјата паѓаат“ во истрага за проституција и наркотици
-

ЈО: Кривична пријава против татко и две ќерки за тешка телесна повреда на жена од Дрење
-

Австрија ги зајакнува мерките за заштита од дронови
-

Украдени личните податоци на над еден милион Белгијци
