Македонија
31. May 2025 - 16:54

Падна кран во Битола

Кран висок неколку метри паднал врз објект во градба во Битола. Несреќата се случила околу 14 часот.

Според информации на Сител, во пријавата во СВР Битола било кажано дека во несреќата имало и неколку повредени лица. Меѓутоа, кога полициските службеници излегле на терен, не биле затекнати ниту повредени, ниту пак градежни работници. Кранот го оштетеил и објектот во градба.