Пакистан и Иран постигнаа „значителен напредок“ во разговорите за ставање крај на конфликтот

Пакистан и Иран постигнаа „значителен напредок“ во разговорите насочени кон војната меѓу САД и Израел против Иран и изнаоѓање пат кон мир, изјави денеска пакистанскиот министер за внатрешни работи, Мохсин Накви, по завршувањето на посетата на Техеран.
Во пакистанската делегација беше и командантот на армијата Асим Мунир. Разговорите биле насочени кон мерки за спречување на натамошна ескалација, повторно отворање на Ормускиот Теснец и забрзување на завршувањето на конфликтот, соопшти пакистанската армија по средбата на Мунир со иранското раководство.
Двете страни размениле мислења и за регионалниот мир и начините за постигнување договорно решение на спорот, се наведува во соопштението.
„Иранскиот претседател отворено го изнесе ставот на неговата влада, а имавме многу конструктивна размена на мислења за прашањата за кои станува збор“, напиша Накви во објава на социјалната мрежа „Икс“.
Мунир пред посетата на Техеран разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, беше соопштено вчера. Според Ројтерс, Трамп побарал од Пакистан да го искористи своето влијание за да го поттикне Иран да се врати на преговорите.
Трамп минатата недела предупреди на економски последици за секоја земја која му обезбедува „каква било помош“ на Иран, во рамки на неговите напори за изолирање на земјата.
Иран, пак, се закани дека ќе го запре целиот извоз на нафта од земјите од Заливот, што дополнително ги зголеми тензиите во регионот.
Ново на Сител
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
