Пакистан ќе продолжи да помага во мировните преговори меѓу САД и Иран

Пакистан ќе продолжи да помага во мировните преговори меѓу САД и Иран, изјави денеска министерот за надворешни работи Ишак Дар, пренесе ДПА.
Преговорите одржани во Исламабад со учество на пакистански официјални лица како посредници започнаа вчера, но завршија без постигнување договор.
„Пакистан играше и ќе продолжи да ја игра својата улога во олеснувањето на интеракцијата и дијалогот меѓу Исламската Република Иран и Соединетите Американски Држави во наредните денови“, наведе Дар во соопштението. Тој додаде дека е неопходно страните да продолжат да го почитуваат преземениот ангажман за прекин на огнот, со надеж за траен мир во регионот.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека Иран и САД постигнале согласност по низа прашања, но за 2-3 важни теми мислењата се разидувале.
„Во овие преговори беа додадени некои нови теми, како на пример темата за Ормуската Теснина, и секоја од нив има своја сложеност“, истакна тој.
Багаи додаде дека преговорите се одвивале во „атмосфера на недоверба и сомнеж“ и дека не требало да се очекува договор по само една сесија, напоменувајќи дека овој круг траел вкупно 24 или 25 часа.
Ново на Сител
-

Човековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите низ Европа, покажа нова студија во која учествуваат истражувачи од МЕД
-

Унгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните плати
-

Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
-

Поставени нови 72 знаци и патокази во Национален парк „Пелистер“
-

Кампања за заштита од пожари на Плоштад Македонија
-

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка
-

Евроамбасадорот Рокас во посета на Собранието
-

Сончево и топло
