Панел-дискусија во Тетово во рамки на кампањата на МОН „Магијата е во знаењето“

По настаните во Скопје и Прилеп, денеска во амфитеатарот на ОСМУ „Никола Штејн“ во Тетово ќе се одржи третата панел-дискусија во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ што ја спроведува Министерството за образование и наука.
Кампањата беше промовирана на Светскиот ден на наставниците - 5 Октомври и има цел да ја истакне суштинската улога на наставниците и значењето на нивната професија во општеството.
Панел-дискусијата денеска е на тема „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“, со фокус на тоа како се менувало значењето на оценувањето низ генерации, што значи денес вистински успех и како наставниците го препознаваат трудот и напредокот на учениците во современиот контекст.
На настанот е најавено учество на министерката за образование и наука Весна Јаневска, Милка Тримчевска - директорка на Биро за развој на образованието, Даниела Апостоловска - одделенски наставник и помошник директор во ООУ „Братство – Миѓени“ од Тетово, Сихана Каба Касами - одделенски наставник и директор во тетовското ООУ „Кирил и Методиј“ и Салих Мислими - доктор по општа медицина и професор по стручни предмети во ОСМУ „Никола Штејн" – Тетово.
Настанот ќе може да се следи и во живо на Јутјуб - каналот на Министерството за образование и наука: https://youtube.com/channel/UCzOX1KEu6ZBm14DqFasVMjA?si=MWcOfrO5OjMDZd_O .
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Ги сменив Федоров и Сирски за доброто на нацијата
-

„Бе-ем-ве“ повлекува повеќе од 744.000 возила низ светот поради ризик од пожар
-

Филмот „Одисеја“ со рекордни 87 милиони долари заработка за време на вториот викенд
-

Општина Куманово ги повика граѓаните да пријават штети од невремето
-

Пирло: Секогаш сум дејствувал во целосна согласност со условите на договорите што ги потпишав
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
