Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите

Во своето прво големо, видео обраќање до својата татковина и сонародниците, по повод 250-годишнината од независноста на САД, папата Лав XIV ја нагласи важноста на традиционалното гостопримство кон мигрантите што САД го обезбедуваат низ историјата, повикувајќи ги Американците да продолжат да живеат во согласност со идеалите утврдени во Декларацијата за независност.
Првиот американски папа, кој постојано ја критикува тврдокорната антиимигрантска политика на претседателот Доналд Трамп, нарекувајќи ја „нехумана“, рече дека зборот „Америка“ долго време е „синоним за слобода“ низ целиот свет поради начинот на кој земјата ги пречека имигрантите.
Во говорот во живо од Ватикан, а што беше емитуван во Националниот уставен центар во Филаделфија, додека го примаше Медалот за слобода на Центарот, Лав рече дека се надева дека идеалите за „единство, правда и мир“ што ги застапуваат основачите ќе ги водат САД денес, додека ја слави својата 250-годишнина.
„Оваа историска годишнина ни дава можност да ги преиспитаме основните принципи на нацијата со надеж дека Америка засекогаш ќе остане верна на сонот што ѝ ја донесе титулата земја на слободните и дом на храбрите“, апелираше папата, роден во Чикаго. Во својот говорпапата Лав, исто така, ги повика САД да донесат закони што го „признаваат и заштитуваат“ животот од зачнувањето до природната смрт.
„Моралната големина на една нација се манифестира пред сè во нејзината способност да ги поддржува, заштитува и негува животите на сите, особено на најранливите и на оние чија вредност е доведена во прашање“, рече поглаварот на Католичката црква.
Лав не го именуваше Трамп или кој било друг американски политички функционер. Тој ги повика САД да се обединат и да работат на долгорочни решенија за своите проблеми.
„За една нација да напредува, таа мора да биде навистина обединета, обединета не од цели поврзани со тековните напори, туку од оние идеали што не бледнеат со текот на времето“, објасни тој.
Националниот уставен центар е непрофитна организација која делува и како музеј. Медалот за слобода на институцијата им оддава почит на поединци „кои вложуваат напори да им обезбедат благослов на слободата на луѓето ширум светот“. Меѓу претходните добитници се поранешниот претседател Џорџ В. Буш и првата дама Лора Буш, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, украинскиот претседател Володимир Зеленски и Далај Лама.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Нашата човечка големина не е во совршеноста и безгрешноста, туку во храброста да признаеме грешка
-

Максим Димитриевски до СДСМ: Внимавајте да не ви се јави и ЗНАМ 3.0 !
-

Кои се тројцата луѓе во светот што можат да патуваат без пасош?
-

Мицкоски разговараше со Рубио во Њујорк: Потврдена важноста на стратешкото партнерство и на континуираниот политички дијалог со САД
-

Поради промена на Судечкиот совет, судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“ почнува од почеток
-

Провалиле во над 10 куќи, украле злато, пари и оружје – од една извлекле и сеф тежок 400 килограми
-

Македонија официјално има Гинисов рекордер: Кристијан Бајовски направи 1.257 склекови за еден час со 9 кг тежина
-

Македонските кик-боксери ги дознаа противниците на Светското првенство во Италија
