Папата Лав XIV: Светот е во длабока криза

Во едно од своите најобемни политички обраќања, папата Лав XIV го предупреди шпанскиот Парламент дека ескалацијата на конфликтите, продлабочувањето на поларизацијата и широко распространетото непочитување на човековите права го турнаа светот во длабока криза.
Папата Лав, кој неодамна зазеде посилна позиција против правецот што го водат светските лидери, цврсто го повтори своето противење на зголемените воени трошоци на Европа, повикувајќи ги политичарите наместо тоа да ги прекинат војните што го уништуваат светот и да им помогнат на мигрантите.
„Светот поминува низ длабока духовна и културна криза, која се манифестира во повеќекратни форми на насилство, поларизација и меѓусебна недоверба“, рече папата во обраќањето неколку часа откако Израел и Иран ги обновија меѓусебните напади и го доведоа во прашање двомесечното примирје.
„Оружјето може да наметне привремен молк, но никогаш не може да изгради автентичен и траен мир“, предупреди тој.
Говорот на папата Лав, кој го одржа на шпански јазик, е редок говор на папа во еден парламент и прв во оваа земја на Иберискиот Полуостров.
Папата, чија седумдневна турнеја низ Шпанија ќе кулминира со средба со мигрантите на Канарските Острови кои ги преминале опасните води на Атлантикот за да влезат во Европа, рече дека недостатокот на помош за мигрантите низ целиот свет ги доведува во прашање „етичките основи на меѓународниот поредок“.
Тој потсети на должноста на земјите да најдат решенија што одат подалеку од „едноставно управување со протокот“, осврнувајќи се на причините што ги принудуваат луѓето да ги напуштат своите земји, вклучувајќи ја војната, сиромаштијата и климатските промени.
Папата им рече на претставниците во шпанскиот Парламент дека „моралната големина на една нација се манифестира пред сè во нејзината способност да ги следи, заштитува и сака оние животи што се справуваат со најголема кршливост“.
Повеќе од 3.000 луѓе загинаа во 2025 година обидувајќи се да стигнат до Канарските Острови покрај западниот брег на Африка, честопати во импровизирани чамци, пресмета невладината организација „Каминандо Фронтерас“.
Владата на премиерот Педро Санчез отвори програма за масовна амнестија, дозволувајќи им на 500.000 имигранти да аплицираат за легален статус.
Папата Лав, кој минатиот месец издаде остар манифест во кој ги повикува светските влади да го забават развојот на системите за вештачка интелигенција, денеска повика на „ригорозна етичка будност“ околу начинот на кој вештачката интелигенција се користи во војувањето.
Папата рече дека европските воени трошоци, кои минатата година пораснаа најмногу од крајот на Студената војна, по притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп, се „загрижувачки“.
МИА
Ново на Сител
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
-

Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025
-

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
-

„Тесла“ го претстави новиот „Роудстер“: Забрзува до 100 км/ч за помалку од секунда, лета и се превртува во воздух
-

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов
-

Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
-

Кривична пријава против 47-годишник од Гостивар, нападнал двајца полициски службеници
