Партиите ги финализираат списоците со кандидати за градоначалници и советници - утре на полноќ истекува рокот за поднесување
Со потпис на 25 партии, ВМРО ДПМНЕ ја формализира коалицијата Твоја Македонија во која влегуваат во трката за локалните избори. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски најави дека преку потпишаната Декларација за Македонија зеднички ќе понудат платформа која ќе гарантира иднина за граѓаните и развој на општините.
На состанок на Извршниот одбор на партијата, ВМРО ДПМНЕ ги објави и последните 6 кандидати со кои ќе ја бара довербата на локалните избори.
Партискиот органи и на СДСМ дале согласност за уште четири нови кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори. Едис Хасан е кандидат за градоначалник на Шуто Оризари. По четири градоначалнички мандадати како кадар на ВМРО ДПМНЕ, Жика Стојановски сега како кандидат на СДСМ повторно влегува во трката за градоначалник на Илинден. Предлог на партијата за Долнени е Исуф Синани.
Во трка за довербата на кочанчани засега влегуваат четворица кандидати. Професорот Игор Христов е името кое ја доби довербата на партиските органи на СДСМ, силите ќе ги одмери со надпартискиот кандидат докторот Владко Грозданов што ќе го поддржи ВМРО ДПМНЕ. Во трка како независни кандидати влегуваат и актуелниот в.д. градоначалник Венко Крстевски и Зоран Тодоров, економист и граѓански активист.
Движењето ЗНАМ по кандидатурите за градоанчалници на Димитриевски за Куманово и Лабудовиќ за Центар ги соопшти носителите на советничките листи во скопските општини и во градот Скопје.
Битката со албанскиот блок ја водат Меџити од ВРЕДИ и Османи од ДУИ. Секој со своја визија како да го направи чаир поубаво место за живеење. Османи најавува крај на урбаната мафија и дивоградбите во општината, меџити пак со решение за предучилишното образование и отворање на градинки за децата.
Партиите го чекаат последниот ден за да и официјално да ги достават кандидатурите за градоначалници и советници. Утре на полноќ истекува рокот за поднесување, а од ДИК за Сител велат дека досега се поднесени.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар