Македонија
6. September 2025 - 16:38

Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ

Власта и опозицијата со нови обвинувања за аферата со незаконското следење во АНБ. СДСМ инсистираат на декласификација на документите, кои според нив ќе ги покажат врските на премиерот со странски служби од непријателски држави. Обвинуваат дека не само што власта две недели одбива да ја дексласифицира спомената документација туку и прави се за да ја саботира работата на надзорната собраниска комисија за работата на АНБ и АР.

Власта пак им врати - СДСМ се заплетка и призна дека го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени. Повторно го повикаа ЈО да не молчи и целиот скандал со незаконското следење да добие разрешница.

Според партијата, со секој изминат ден молчење, обвинителството докажува дека игра по нотите на СДС и дека токму тие се главната пречка во борба против корупцијата.

И додека партиските штабови се препукуваат, пратениците од матичната собраниската комисија за надзор на АНБ и АР конечено се договорија и за среда ја закажаа седницата на кој треба да се разговара за скандалот со незаконското следење на премиерот од 2019-та до лани, како лидер на тогашна опозиција, други политичари, медиуми и бизнисмени.  Најавено е дека собраниската комисија во средба ќе влезе во АНБ за да направи и надзор на институцијата.