Партиски обвинувања - дали се преговара за државен или приватен дата центар?
Изградбата на дата центри и денеска во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Владејачката партија останува на ставот дека на Македнија и е потребен национален дата центар кој ќе значи инвестиција во сајбер-безбедноста и заштитата на податоците на граѓаните и државата. За ова според партија, државата веќе има превземено обврска и со реформската агенда и за негова изградба ќе добие европска финансиска и техничка поддршка.
Дали Филипче и СДС кои шират паника се против безбедност на лични и државни податоци? Дали СДС знае дека тоа е клучно за безбедност и стабилност на државата? Дали СДС знае дека безбедни лични информации на граѓаните е од голема важност за остварување на нивните права по различни основици како здравствени, социјални и слично.
Сајбер безбедноста или заштита од напади на системот на податоци е одлика на секоја современа држава. И вообичаено додека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој еден граѓанин и за државата, СДС бара начини за остварување на интереси на поединци, вели Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Според опозицијата пак, европската агенда се користи само за да се прикрие дека власта тајно преговара со приватни инвеститори. СДСМ бара јавно да се објават деталите и компаниите на кои влста на располагање ќе им ги стави водата, струјата и плодното земјиште.
Што има заедничко националниот дата-центар за чување на податоци на државните институции со комерцијалните дата-центари што Мицкоски ги договора за некој странски инвеститор, со огромна потрошувачка на струја и вода?
Апсолутно ништо.
Станува збор за две сосема различни работи. ВМРО-ОКГ толку многу лаже и свесно ги манипулира граѓаните за да ги збуни и да ја прикрие вистинската намера – ресурсите на државата да ги стави во функција на приватни интереси за профити и провизии. Ова е обид да се оправда нешто што нема никаква врска со европската агенда, туку со тендерски апетити. Зошто постојано мешаат јавни обврски со приватни дата-центри за инвеститори, вели Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ
Премиерот Мицкоски претходно потврди дека во моментов се преговара со 5 до 6 потенцијални инвеститори за изградба на дата центри бидејќи владата нема намера да се откаже од стратегијата за развој на државата. преговорите според Премиерот не се тајни, во моментот кога ќе се биде постигнат договор јавноста ќе биде информирана за сите детали.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
