Loading Video...
Кошарка
4. јуни 2022 - 10:42

Партизан се избори за мајсторка со Црвена Звезда во финалето на АБА лигата

Екипите на Партизан и Црвена Звезда ќе играат решавачки петти натпревар во финалето во регионалната АБА ЛИГА 
 
Ова откако Партизан ја искористи предноста настапувајќи пред своите симпатизери и ја декласира Црвена Звезда со 112-84 во четвртиот натпревар со што црно-белите го израмнија резултатот на 2-2 во победи. 
 
Мајсторката која ќе реши кој ќе ја освои шампонската титула во АБА лигата, а со тоа ќе избори и учество во елитната Евролига следната сезона ќе се игра во  понеделник (20 часот).