Патниот лист со кој може да се вратите дома ако немате пасош со „Северна“ чини 30 евра

Македонските амбасади во Берлин и во Лондон на нивните официјални фејсбук страници објавија инструкции за државјаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасоши во РС Македонија, дека можат да се вратат во земјата со Патен лист што се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата.
Патни листови, стои во објавите од Амбасадите ќе чинат 30 евра и ќе паднат на трошок на македонските државјани.
- Ги информираме сите кои ќе поднесат барање за нова патна исправа дека времето за издавање на нов пасош од денот на поднесување на барањето во просек изнесува 50-75 дена, по што пасошите можат да ги лично да ги подигнат во ДКП каде го поднеле барањето. Напоменуваме дека при издавањето на патните листови пасошите со старото уставно име „Република Македонија„ да не бидат поништувани. Потребни документи за издавање на патен лист: пасош, пополнето барање за издавање на патен лист, две слики и конзуларна такса 30 евра, објавија од македонската амбасада во Берлин, Германија.
Од македонската амбасада во Лондон на фејсбук известија дека сите македонски државјани кои престојуваат во Обединетото Кралство и Ирска може да аплицираат за издавање на пасош во МК Амбасадата во Лондон, со закажување на термин, преку меил: london@mfa.gov.mk со назнака “Обнова на патна исправа”.
Македонските амбасади во Берлин и во Лондон на нивните официјални фејсбук страници објавија инструкции за државјаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава и кои
- Доколку државјаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасош во Република Северна Македонија, истите можат да се патуваат со “Патен лист” издаден од МК Амбасадата во Лондон. Патниот лист е важечки документ за патување во еден правец, кон Република Северна Македонија, а во земјата треба да се поднесе барање за издавање нова патна исправа (пасош), со новото уставно име „Република Северна Македонија. При издавањето на патните листови, пасошите со старото уставно име „Република Македонија„ нема да бидат поништени, стои во објавата на фејсбук од Амбасадата.
Се појаснува дека Патниот лист се издава со закажување на термин на london@mfa.gov.mk со назнака „Итен Патен Лист„ по можност 1-2 недели пред вашето патување кон Северна Македонија.
- Потребни документи за издавање на Патен лист се: пасош; пополнето барање за издавање на патен лист; две фотографии; конзуларна такса од 27 фунти. Патниот лист се издава истиот ден кога се поднесува документацијата во Амбасадата и важи 30 дена од дaтумот на издавање, објавија на фејсбук од македонската Амбасада во Лондон.
Ново на Сител
-

Поранешен командант на талибанците осуден во САД на 42 години затвор
-

Аргентина го победи Исланд, Меси постигна гол
-

Пилот на Ер Канада со години управувал авиони со фалсификувана лиценца
-

ЕУ: Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај во историјата на мерењата
-

СП 2026: Во Мексико 117.000 луѓе поминале обука за добредојде на туристите
-

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Под седиштата и во фабричка шуплина на автобус шверцувале пури во вредност од 4.000 евра
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
