Македонија
27. October 2017 - 16:52
Павлопулос ја продолжи редовната пракса да ја нападне Македонија при секој јавен настап
Во познатиот стил, со напади кон соседите, грчкиот претседател и годинава го славеше празникот Св.Димитрија во Солун. На денот кога се слави заштитникот на градот, Прокопис Павлопулос во полната сала гости меѓу кои и министри во грчката влада порача дека Македонија сама го попречува својот напредок користејки име кое не и припаѓа. Овој пат Павлоуполс обвини дека Македонија ја оспорува и статус кво ситуацијата на границите на Балканот.
- Нема да толерираме, тоа е јасно и сме го кажале. Не само фалсификување на историјата, затоа што Македонија беше, е и ќе биде Грчка. Тоа го знаеме сите. Не само што не прифаќаме фалсификување на историјата, не прифаќаме ниту иредентистички тензии кои повторно би го направиле Балканот, буре барут во Европа, вели Павлопулос.
Во офицерскиот дом во Солун, според пишувањата на грчките медиуми, за време на говорот на Павлопулос присуствувал и заменикот на Коѕијас, Јанис Аманатидис. За разлика од Павлопулос, шефот на грчката дипломатија исто така вчера пред медиумите во Атина порача дека Грција е подготвена да се изнајде решение за спорот со Македонија.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
