Македонија
17. August 2025 - 16:32

Пазарите преплавени со фалсификуван мед

Пазарите преплавени со лажен мед.Купувачите се во голема заблуда бидејќи на секој ќош се измамени , наместо мед дивите препродавачи продаваат скап шеќер.

Од Здружението на пчелари од Охрид бараат позасилени контроли и поголеми казни.

90 посто медот на пазарите е фалсификат кој штетно влијае по здравјето на дијабетичарите.

Во трката за брз пофит и намалените пчелни приноси во последните години поради климатските промени, се почесто на понуда е неприроден мед.