Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години
Списанието „Плејбој“, по петгодишна пауза, објавува печатено издание. А, на насловната страница овојпат е манекенката Лори Харви.
Таа, меѓу другото, позира и во светкави бикини, кус корсет-фустан, капут со пердуви, а и држејќи украс со зајакот – заштитен знак на „Плејбој“. За нејзиниот изглед се погрижи стилистката Лејла Бани. Во интервјуто, Харви говори за својата кариера и за тоа што значи да се биде пример за девојките. Ова издание на списанието ќе излезе на 10 февруари.
Супермоделката, која се движи кон залезот на третото десетлетие од својот живот, соработувала со многу луксузни брендови, меѓу кои „Долче и Габана“, „Барбери“ и „Мајкл Корс“. Влегла во светот на модата во 2015 година, а во 2021. основа и свој бренд – „SKN by LH“ (СКН од ЛХ).
Најпопуларното списание за возрасни објавува свое печатено издание првпат по повлекувањето за време на пандемијата на коронавирус.
-Речиси седум десетлетија, „Плејбој“ не беше само списание- тоа е движење!, рече неговиот главен уредник, Мајк Гај.
Тој исто така изјави дека новото издание ја слави нивната богата историја, а истовремено претставува и нова визија за иднината. Покрај Харви, во новиот број ќе има интервју и со комичарката Ники Глејзер.
Ново на Сител
-
Сончево и потопло со умерена облачност
-
Малолетникот кој со мотоцикл вечерва удри пешак во Кисела Вода е пронајден
-
Меџити: Азир Алиу предлог за нов министер за здравство, Арбен Фетаи во претседателството на ВЛЕН и вицепремиер за добро владеење
-
Првични истражувања на терен за брзата пруга во септември, годишен приход од 120 милиони евра во товарниот сообраќај
-
Руте: Очекувам членките на НАТО да се согласат за трошоци за одбрана од пет проценти во Хаг
-
Што досега се знае за преговорите Брисел - Вашингтон за царините и спречувањето трговска војна
-
Ѓоковиќ: Навистина ми беше потребна 100-тата титула пред Ролан Гарос
-
СЗО: Поголемиот дел од залихите на медицинска опрема се потрошени во Газа, а основните лекови се во недостиг